Својата нова пролетно летна колекција, насловена како Levi’s® Fresh, легендарниот бренд ја базира на своите модели од 1970-тите години од минатиот век.

Levi’s® Fresh нуди широк асортиман на производи во пастелни бои, добиени од природни извори, вклучувајќи растенија и ботанички производи. Така, со примена на нови методи на боење, создадени се живи, ледени нијанси на праска, лаванда, розова и жолта боја. И сето тоа во мешавина од предиво и обоени парчиња облека.


Зборувајќи за аспектот на одржливост на колекцијата, Karyn Hillman, главен директор за производи во Levi’s Strauss & Co, истакна дека: „Со инспирација од нашите архиви, на секое парче му влеавме младешка енергија позајмена, од оригиналната линија Levi’s® Fresh Produce од 70-тите. Тоа е забавна колекција базирана на растенија и минерали, прифатлива за планетата, вкоренета во основните работи и бескрајно посакувана. Возбудени сме што ја дебитираме нашата Levi’s® Fresh колекција, која преставува енергична мешавина од супер мек памук, руно и тексас направени со природни бои и техники за заштеда на водата./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.