Dolce & Gabbana за својата нова чанта, наречена Devotion, создаде рекламна кампања во која, во главната улога се појавува славната актерка Sharon Stone, заедно со познатите модели Adam Senn и Sam Webb. Модниот фотограф Michael Muller кампањата ја снимаше во Венеција, градот во кој брендот минатото лето направи серија ексклузивни настани и модна ревија за паметење, а Sharon Stone беше меѓу поканетите гости кои привлекоа впечатливо медијумско внимание. Веројатно токму тоа,заедно со маркантната појава на холивудската актерка биле поводот таа да стане и амбасадор на брендот, за новата Devotion чанта.
Актерката и моделите се облечени во грижливо одбрани парчиња од најновата колекција на
Dolce & Gabbana, иако фокусот е ставен на новата Devotion чанта која е и дел на пролетно/летната колекција на славниот италијански бренд. Во пратечкото соопштение се истакнува дека „Devotion Bag” е со нов гламурозен дизајн, дека има храбар и енергичен идентитет, женствени детали, како и потпис Dolce & Gabbana, како бренд на елеганција и шарм./М.М.