Zuhair Murad останува суверено да владее со дизајнот, а неговата есенска колекција е уште една потврда за таквата констатација. Промоцијата помина тивко, во неговиот париски салон, а по модната недела за која задоцни поради организациони проблеми предизвикани со пандемијата.
Zuhair Murad како да не се откажува од желбата за патувања, па по предесенската Wild West колекција, и есенската е инспирирана од желбата за талкање и боемски – номадски шмек.
Гламурозната вечерна облека е секогаш во сржта на колекциите на Zuhair Murad, така што тој и овој пат понуди многу сјајни опции.
Отпечатоците и везовите имаат допир на егзотичното, изречени во геометриски мотиви во живописна палета, тие го осветлија тенкиот црн шифонски кафтан, како и наметката од кашмир, делитакните блузи и високо исечените здолништа.
Драматичните долги вечерни фустани во црн шифон беа попрскани со златно фил купе, а секси проѕирните броеви беа обработени со елаборирана тантела, пердуви или макраме интарзија, украсени со кристали.
Темната палета на црни и полноќни изгледи беше осветлена и надополнета со раскошни тонови на кобалт, корали и смарагд./М.М.
Колекцијата е преставена на сајтот на Zuhair Murad и преку кус видео запис https://www.zuhairmurad.com/en/readytowear-fall-2022