Стилизирана од Law Roach, Zendaya во најновата рекламна кампања за Valentino, за пролетната колекција наречена Rendez-Vous, носи шарени комбинации на облека, вклучувајќи нијанси на магента, сина, жолта и виолетова, во тонови на скапоцени камења.

Дизајните на креативниот директор на Valentino, Pierpaolo Piccioli, овој пат се со лежерни силуети, со долги наметки, пелерини, како и шик долен дел.

Актерката позира во студиото Warner Bros, во Лос Анџелес, со што ја продолжува нејзината успешна соработка со Piccioli и Valentino.


Извонреден додаток на пролетната колекција е чантата One Stud, во плико дизајн, со ремен и двојна рачка.
Наратив на контрасти, колекцијата Rendez-Vous (Состанок) пролет/лето 2022 започнува таму каде што завршуваат границите. Како што скапоцените материјали се комбинираат во креативни слоеви и живописни бои, се раѓа свеж дух на модата, се посочува во белешките за колекцијата./М.М.

 

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.