Daniel Roseberry продолжува да спојува различни култури во неговата колекција за пролет/лето 2022 на модната куќа Schiaparelli.
Ревијата на високата мода пролет/лето 2022, на Schiaparelli, преставена на модната недела во Париз ( Paris Fashion Week) е освежувачка перспектива на она што му треба на модниот свет во ова време на неизвесност. Daniel Roseberry на модната ревија во Париз посака да најде соодветно место за модата среде хаосот на брановите на пандемијата.
Со наслов An Age of Discipline, Roseberry тргна во создавање на колекција исполнета со драма, овој пат без силните бои и големите силуети што некој би ги очекувал. Наместо тоа, Roseberry создаде колекција составена од само црна, бела и препознатливиата на Maison Schiaparelli златна.
Најновата колекција на Роузбери е дефиниција за елегантно воздржан луксуз. Колекцијата е исполнета со единствено скроени силуети заедно со елаборирани, многу детални златни структури. Ефектот е етеричен и магичен – а спротивставувањето на едноставноста со сложеноста е навистина волшебно./М.М.