Во најновата кампања на Balmain се појавуваат супермоделите Naomi Campbell, Carla Bruni, Lara Stone, Adut Akech и Mariacarla Boscono.
Француската модна куќа Balmain ангажира пет од најпознатите супермодели на денешницата во кампањата за колекцијата пролет/лето 2022 година на брендот. Кралиците на модната писта Naomi Campbell, Carla Bruni, Lara Stone, Adut Akech и Mariacarla Boscono позираат во некои од најдобрите изгледи на дизајнерот Olivier Rousteing од колекцијата во фотосесијата на дуото Mert & Marcus и стилски поставена од Charlotte Stockdale и Katie Lyall.
Колекцијата е по повод јубилејот – десет години создавање на Rousteing за Balmain.
На една од првите фотографии на кампањата, Campbell носи мини фустан во какао-кафеава текстурирана ткаенина, а на друга, црвен фустан што ги истакнува нејзините облини.
Bruni се појавува во црн фустан полупрозирен твид, со вткаени дискретни златести нишки со корсет и засеци, додека Boscono носи еден од најистакнатите парчиња во колекцијата, златно-сјаен корсет во облик на синџир со јамка.
Во една од препознатливите силуети на Rousteing, Stone носи фустан направен од споени ленти од ткаенина што речиси се вклопува со тонот на нејзината кожа. Спротивно на тоа, Akech е облечена во бел футуристички фустан што наликува на облека на древните египетски владетели./М.М.