Miuccia Prada за годинешната пролетно/летна колекцијата на Miu Miu, представи кампања снимена од британскиот фотограф Tyrone Lebon. Кампањата, како и колекцијата е со исто име – Basic Instincts (Основни инстинкти) и претставува серија на портрети и видеа направени со реалистичен и натуралистички пристап, како своевидна рефлексија помеѓу личноста и женственоста.

Универзалната облека, како џемпери, блејзери и костуми во оваа колекција се исечени и оставени необработени, за да доловат бунтовноста на брендот.
Внимание привлекува стилот на фотографирањето на новите Miu Miu девојки кои доаѓаат од светот на поп музиката, од филмската индустрија и од модните писти. Настапуваат и ја преставуваат својата спонтаност и природност.


Во кампањата Ever Anderson, Hailey Bieber, Mame Bineta Sane, Alix Bouthors, Emma Corrin и Lee You-mi ја истакнуваат бунтовноста на Miu Miu./М.М.

 

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.