Останувајќи на врвот на новите трендови за шминка и козметика Stila Cosmetics ги престави своите најнови производи за убавина. Така нови нијанси доби наградуваната One Step Correct коректорот и пудрата од истата колекција, додека долготрајниот течен кармин – Stay All Day Liquid Lipstick + ја лансираше и новата Glisten & Glow течна сенка за очи и Stay All Day Balayage Brow.
One Step Correct коректорот претставува иновативен хеликс серум со тројно дејство: ја корегира бојата, ја осветлува и ја храни кожата за беспрекорен тен на лицето. Револуционерниот производ содржи три пигменти кои ја коригираат бојата за да го изедначат тенот.
Збогатен со Youth Revival Bio-Available Mineral Complexª , сопственост на Stila, помага во хидратацијата, ја контролира масленоста и влијае врз намалувањето на видливоста на порите и на фините линии.
One Step Correct пудрата претставува две во еден производ за завршна обработка со која се осветлува и усовршува тенот – се коригира бојата, контролира сјајот, се намалува видливоста на порите и се поставува шминката. Создаден со состојки кои ја сакаат кожата, како што се витаминот Е и церамидите, оваа ултра кремаста проѕирна пудра помага кожата да се хидрира, измазнува и рафинира за совршено нанесување шминката што трае цел ден. Се одликува со четири нијанси кои ја коригираат бојата до изедначен тон на кожата.
Пудер-коректорот е создаден според веганска формула што им одговара за сите тонови и типови на кожата.
Така. Праската во составот ги неутрализира темните кругови под очите; лавандата ја осветлува жолтата кожа, а нането се спротивставува на црвенилото.
Прави магија на гола кожа или над/под омилената шминка.