Шпанскиот бренд за обувки Pedro Garcia објави пригодното, предпразнично намалување на цените на нивната Resort 2022 колекција. Намалувањето е до 40 проценти и се однесува само на нивната електронска продавница.
Инаку, брендот е присутен во 40 земји ширум светот каде што сега се продава есенско-зимската класична колекција на чизми и торби. Чизмите се направени во сопствената фабрика, во Елда, во медитеранскиот регион Аликанте, каде што пред речиси еден век е основана скромната работилница за изработка на обувки.
Братот и сестрата Mila и Pedro García се третата генерација што ја водат фирмата која во изминативе децении прерасна во светски познат и ценет бренд. Тие го превзедоа управувањето од нивниот татко, кој исто така се викаше Pedro García , како и нивниот дедо, кој е и основач на фирмата, во далечната 1925 година.М.М.