Во редицата успешни деловни потези на Chiara Ferragni, познатата инфлуенсерка и деловна жена последниот е штотуку промовирната нејзина прва мејкам колекција. Во периодот на подготовките за претстојните празници таа нуди свои предлози за жените кои сакаат да го подобрат својот изглед.
Тоа не е се: почнувајќи од овој декември, Chiara и нејзиниот сопруг ќе учествуваат во документарната серија во продукција на Amazon Prime Video, со наслов „ Ferganie’s“ со осум епизоди, посветени на популарно италијанско семејство.
Chiara Ferragni е една од најпознатите инфлуенсери во светот но и успешен италијански претприемач. Претседател е и извршен директор на две компании – TBS Crew Srl и Chiara Ferragni Collection. Таа е и мајка на две деца и сопруга на италијанскиот рапер Fedez./М.М.