Alber Elbaz замина пролетва, на возраст од 59 години, од последиците на корона вирусот.
„Љубовта носи љубов“ беше оптимистичката мантра на брилијантниот, ексцентричен дизајнер, ценет и сакан од меѓународната модна заедница.
Затоа и не изненадува настанот посветен на Alber Elbaz на Модната недела во Париз – со ревијата посветена на харизматичниот дизајнер заврши модниот настан во Париз.
За ревијата 45 дизајнери, како и дизајнерскиот тим на Alber Elbaz, во AZ Factory, се собраа за да го прослават неговиот талент, личност и дизајнерско наследство, создавајќи сопствено модно видување.
„Сакавме да најдеме начин да го прославиме духот на Alber “, објасни долгогодишниот партнер на Elbaz, Alex Koo за време на прегледот на облеката која дизајнерите ја создадоа во знак на почит, „Убаво е да се види како секој дизајнер откри различен аспект на Alber. Тоа навистина беше труд од љубов“.
Ку објасни дека сонот на Alber бил „да ги собере талентите од индустријата во славење на љубовта, убавината и надежта“./М.М.