Megan Fox досега нема покренато сопствен бренд иако добро упатените тврдат дека таквиот потег на актерката бил само прашање на време. Megan последниве години повеќе ја памтиме по впечатливите изгледи одошто со актерски остварувања иако искрено кажано, ѕвездата ја претвора секоја улица во модна писта.
По одлуката да заработи од својата популарност и да создаде колекција облека, уследи соработката со брендот Boohoo и деби колекцијата. Направена е со нејзината стилистка Maive Raily. Колекцијата содржи вкупно 40 modeli, меѓу кои фустани, кроп топови, јакни и панталони, а кога станува збор за палетата на бои – доминираат црвената, црната и белата.
Колекцијата е достапна за купување на веб-страницата на продавницата Boohoo од 19 октомври, а цените се од 12 до 120 долари./М.М.