Tommy Hilfiger и Timberland ги здружија силите за да лансираат колекција на облека и обувки за есенва. Првата соработката на двата бренда резултира со 17 главни работи за спортување кои ги спојуваат класичното американско наследство на Hilfiger со функционалноста на Timberland.
Стилските панталони со патент и реверзибилните парчиња горна облека, дизајнирани за модерни истражувачи, ја поставуваат основата на колекцијата во дизајнот и функционалноста. Слоевитоста во стилот на 90-тите може да се види во универзитетските јакни од колекцијата, а безвременската чизма на Timberland, завршена со боите на заштитниот знак на Hilfiger, совршено ја отсликува беспрекорната врска помеѓу двата бренда./М.М.