Ashley и Mary-Kate Olsen никогаш не ги објаснувале своите колекции, а пред-есенската за 2022 година, претставена на париската Модна недела, не е исклучок од ова правило на The Row брендот. Сепак, 56-те изгледи на оваа колекција целосно го отсликуваат турбулентниот момент во кој светот се наоѓа.
Од виденото, можеби приспособливоста би била една од нивните водечки теми, исто како што беше и во пролетните колекции на The Row.
Заедно со преголемите опуштени форми, силуетата за идната година е надополнета со истобојни колани, чанти и чевли. Колекцијата нема компонирање на бои – едноставно, се е во таа една одбрана боја: од главата до петиците.
The Row нуди нови, свежи и необични решенија – симболот на тоа е превртената јакна, закопчана на грбот. Конечниот изглед во слајд-шоуто е другата страна на јакната. Тоа е светот од напред, но во кој The Row може да ви помогне да го одржите заедно./M.M.