Зошто да се мачите да носите облека кога вашата чанта неизбежно ќе го привлече сето внимание, во секој случај? Со овие зборови Kendall Jenner објаснува колкаво влијание можат да имаат модните додатоци од La Montagne колекцијата на Jacquemus.
https://www.jacquemus.com/product/le-sac-ciuciu-pink
Kendall Jenner во најновата кампања на Jacquemus носи само додатоци: чантата „Le Sac Ciuciu“ во розова боја, сандали со потпетици во иста нијанса и црвени чорапи до колена. Деталот од ланецот на чантата се дополнува со обрачот на кој позира, додека нејзината коса и шминка донесуваат поприроден изглед на сликата.
На Twitter страната на Kendall Jenner освен оваа се најдоа уште три слики од оваа кампања снимени од фотографот Drew Vickers.
Инаку, Jenner овие торби и модели на Jacquemus ги има носено на ревијата на Paris Fashion Week./М.М. https://www.jacquemus.com/collection/55/la-montagne