Како дел од прегледот за 2020 година, порталот Dezeen направи ретроспектива на 10 најнеобични модни дизајни и костуми, вклучувајќи и месести боди и латекс панталони на надувување.

На првото место се најдоа Squishies – скулптурите на човечкото тело. Преклопувачките слоеви слични на месо и кожата, рачно зашиени  и исполнети со памук се дело на текстилниот уметник Daisy May Collingridge . Дизајнирани се како своевидна порака за човечкото тело, во сите негови форми, а со цел да ја негираат идејата дека постои  „идеално тело“.

Daisy May Collingridge

  1. Лебдење над границите од SiiGii

Шпанскиот уметник SiiGii искористи латекс за да го создаде овој уотреблив за надувување костум за на вода. Целта е да им се овозможи на луѓето со алергија на сонце да лебдат на површината на водата во текот на летото, без да имаат реакција. Костимот „сè во едно“, наречен Лебдечки над границите, се обвиткува околу главата на оној што го носи како капа за пливање, и тоа е еден од двата дела  што се надувуваат зад главата и околу телото во форма на душек за пливање.

SiiGii

  1. Панталони со латекс на надувување од Harikrishnan

Од латекс материјалот се и панталоните на надувување што модниот дизајнер ги креира како дел од машки комплет надополнет со тесно укроени јакни. Воздухот се пумпа во панталоните преку вентил широк седум милиметри кај глуждовите.

Harikrishnan

4.In Between by Sun Woo

Јужнокореанскиот моден дизајнер Sun Woo Chang  создаде 13 различни облеки изработени од материјал свиткани во круг околу столбови, слично на дизајнот на pop-up шатор.

Секое парче може да се спушти и спакува во рамна форма кога не се користи. Колекцијата, наречена In Between ја истражува идејата за облеката како „пренеслив дом“ што на носителот може да му понудат прибежиште од реалноста.

Sun Woo Chang

  1. Колекција од гумени ленти на Rie Sakamoto

Јапонската дизајнерка Rie Sakamoto користи плетиво од гумени ленти како предиво за нејзината колекција на еластична облека, со цел да привлече внимание на едноставен, секојдневен предмет што најчесто се занемарува.

Според  дизајнерот, квалитетот на еластичните гумени ленти овозможува  материјалот да се обликува спрема телото, во различни форми и големини.

Rie Sakamoto

  1. Чевлите на Нета Голдберг

Израелската дизајнерка Нета Голдберг создаде колекција на плетени чевли кои имаат тампони, кибрит и порти за полнење прикачени преку интегрирани отвори на нивните површини.

Чевлите се дизајнирани да поттикнуваат позитивна социјална интеракција од страна на носителот што може да понуди предмети што редовно им се позајмуваат и се споделуваат со други луѓе, како на пример кога пушач бара некого за да запали цигара.

Нета Голдберг

  1. Биоматеријален фустан од Scarlett Yang

Овој, како од стакло фустан од Scarlett Yang,  дипломката на  Central Saint Martins, е создаден и растен во лабораторија, со помош на екстракт од алги и протеин од свилен кожурец. Фустанот поради неговиот состав на биоматеријал ја менува формата, како одговор на различните нивоа на влага и температура, а во вода би се распаднал во рок од 24 часа.

Scarlett Yang

  1. Облека од торбички од грав на Dahee Kim

Dahee Kim, дипломка на  на Central Saint Martins, дизајнираше колекција на облека-униформи со кружни вреќи со грав прикачени на нив, овозможувајќи им да се удвојат како импровизирани столици. Користен е дизајн на училишна униформа, во настојување  да се отфрлат строгите правила и стандарди според кои треба да се придржуваат „добро воспитаните“ студенти.

Dahee Kim

  1. Moncler колекција на Richard Quinn

Richard Quinn, дизајнер од Лондон, ја интерпретираше  јакна на Монклер во ретро-футуристички стил од 60-тите, за обемната колекција Genius на брендот за 2020, на Модната недела во Милано.

На еден од неговите модели боди-облеката сè-во-едно е облечена под краток фустан, а пуфер капутот беше облечен одозгора. Облеката е украсена со задебелени маргаритки, психоделични модели и детали.

Richard Quinn

  1. Канџите на Beate Karlsson

Шведската уметничка и дизајнерка Beate Karlsson користеше силикони за да направи чевли во форма на џиновски човечки раце, позиционирани како канџи, како и шорцеви со облоги како оние на реалити ѕвездата Ким Кардашијан. Дизајнерката ја опишува својата работа како „измислена мода“, а нејзината цел е да создаде парчиња што „припаѓаат на идниот имагинарен свет каде што има помалку предрасуди водени од норма“. /M.M.

Beate Karlsson

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.