Тони Матичевски

Тони Матичевски е BIG NAME во модната индустрија и автралијанец со македонско потеклo. Со колекцијата што ја претставува за 2021, доследен на себе си, ќе порача дека стегнатата текстура проткаена со носталгија ја претставува и обликува возвишената едноставност, а таа, жената во неговите фустани, е контрадикција на вкусот и експресијата.

Тони Матичевски

Уметникот и романтичар, историчарот и футурист, модниот дизајнер Матичевски, балансира меѓу овие елементи цели две децении за да создаде елегнација што плени и возвишува, никогаш не стапнувајќи во носталгијата, иако таа сепак како да лебдее над неговите модели.

Тони Матичевски

Она што е неговиот најсилен адут е меланхоличната романса со доза класицизам, со што го освојува и светот на славните – неговите модели ги носеа и ги носат и Џенифер Лопез,  Бијонсе, Ким Кардашијан, Хаиме Кинг, Пенелопе Круз, Ел Макферсон, Сиара, Хајди Клум и многу други.

Креација Тони Матичевски

Овој талентиран дизајнер со македонско потекло е роден во Мелбурн, каде што неговите родители се преселиле пред половина век. Тони дипломирал на Кралскиот технолошки институт во Мелбурн, ја освоил наградата „Модна меѓународна група “, што резултирало во престижна понуда за работа со Дона Каран. Матичевски наместо во Њујорк, заминал за Париз, каде две сезони работел за брендот Черути, пред да се врати дома и создаде свој бренд. Уште на самиот почеток, неговата работа е забележана и препознаена по маестралниот, беспрекорен крој и смелата силуета што ја создава.

Креација Тони Матичевски

Креација Тони Матичевски

Тони Матичевски е дизајнер кој важи за еден од најдобрите во Австралија, познат по своите деликатни асиметрични кроеви, во годинава што изминува го направи својот прв чекор во декоративниот простор, со својата колекција на дизајнерски перници. Секое парче е уникатно и ги прикажува дисциплинираните техники по кои Матичевски е добро познат.  Ткаенините што се користени за создавање на колекцијата ги прават сите парчиња не само колекционерски туку и одржливи.

Креација Тони Матичевски

Креации Тони Матичевски

Објаснувајќи го потегот Матичевски истакнува дека во изолација се раѓаат некои неверојатни работи, а за него оваа  секако  невообичаена 2020 година значела и исчекор кон декоративен простор, односно кон  „Објект Д“, ексклузивна колекција на меки мебел перничиња.

Креација Тони Матичевски

„Object D“ е родена од идејата дека сите ние колективно поминуваме повеќе време дома, па затоа треба да бидеме опкружени со работи што нè инспирираат или да ги исполнуваат нашите визуелни желби за убавина.

Во првите неколку недели од изолацијата, Матичевски минувал време обиколувајќи низ фиоките на неговото студио за дизајн, архивите на ткаенини и гардеробери. Така ги открил прекрасните богатства од ткаенини што останале скриени долго време, а од кои се создадени уникатните перничиња. /М.М.

 

You may also like

Comments are closed.