Маските за лице, кои се неопходни во овој период, можат да ги повредат ушите.  “Ear Saver” претставува уште еден нов производ, поврзан со пандемијата на ковид  што ги штити ушите од притисокот од еластичните ленти околу нив. Се работи за додаток за маската за лице, што може да биде изработен од ткаенина, пластика или едноставно, од шноли за коса. Практично претставува продолжение или надополнување на маската што треба да се постави зад главата за да ги држи еластичните ленти на маските за лице, спасувајќи ги ушите од непријатноста.

Овој производ, наречен уште и „продолжувач на маската„ може да направи на различни начини: со рачно или машинско шиење, со за шиење, со катер или принтер за пластика.

Пластичните додатоци за маски имаат четири или повеќе куки за прилагодување, што овозможува удобно и безбедно прилагодување на поставеноста на маската.

Може да им помогне на носителите кои имаат помала анатомија на лицето и големина на главата за да постигнат поблиско вклопување на маската. Секој што носи маска цел ден, како  здравствените работници, вработените во малопродажба, доставувачи на храна и на други производи можат да користат заштитни средства за ушите за да го направат поудобно носењето маски за лице. /М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.