“Illuminating yellow” i “Ultimate Gray” се двете нијнси одбрани за боја на 2021 година од страна на Институтот Пантоне.

Од Институтот Пантоне велат дека мораме да чувствуваме дека сè ќе стане посветло, што е од клучна важност за човечкиот дух. Нијансата на топло жолта боја, проткаена со силата на сонцето, е опишана како „светла, весела и блескава“. Од друга страна, сивата боја е „симбол на цврсти и сигурни елементи кои се вечни и обезбедуваат цврста основа“. Оваа нијанса нè охрабрува да се чувствуваме смирени и стабилни.

Жолтата претставува среќа и сивата стабилност – и ова се две нијанси чиј „брак“ треба да ја пренесе пораката за „сила и надеж што е трајна и која не воздигнува“. Овој избор на две бои и нивното спарување беше избран за најдобро изразување на расположението, особено по толку тешка година за нас, погодена од пандемија на короната.

Инаку, во последниве две децении Бојата на годината на Pantone имаше свое влијание врз развојот на производот и на одлуките за купување во повеќе индустрии, вклучувајќи ја модата, мебелот за домаќинства и индустриски дизајн, како и пакување производи и графички дизајн.

Процесот на избор на „Pantone Color of the Year„ подразбира внимателна анализа на трендот. Експертите за бои на Pantone прават бројни следења и анализи во потрага по нови влијанија на боите. Вклучени се забавната индустрија и производството на филмови, уметнички колекции и нови уметници, модата, сите области на дизајнот, популарните дестинации за патувања, како и новите начини на живот, стилот на игра и социо-економските услови. Влијанијата исто така може да произлегуваат и од новите технологии, материјали, текстури и ефекти кои влијаат на бојата, релевантните платформи на социјалните медиуми, па дури и претстојните спортски настани што го привлекуваат светското внимание. /M.M.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.