Состојки за тестото:

– 7 јајца,

–  6 лажици шеќер,

–  6 лажици брашно,

– прашок за пециво.

Состојки за филот:

– литар млеко,

– 16 лажици шеќер,

– 4 ванила пудинзи.

Bobe’s bakery

Подготовка:

Се матат 6 жолчки и едно цело јајце со 6 лажици шеќер. Кога убаво ќе се изматат, постепено се додаваат 6 лажици брашно измешани со прашокот за пециво. Тестото се става на хартија за печење, во голем плех. Се пече 15 минути во загреана рерна на 180Ц.

Фил:

Млекото се вари со 16 лажици шеќер и со пудинзите да се згусне. Tоплиот пудинг, се тргнува од оган и му се додаваат претходно изматените белки.

Тестото се сече на два дела. Едната кора  се филува и врз филот се става другата кора,  се посипува со шеќер во прав,  за декорација им се додаваат зрната од калинка.

Наздравје! /Б.Б.

You may also like

Comments are closed.