Годинешното 13. издание на Скопје постер фестивал ќе се одвива во МКЦ, од 16 до 26 ноември, во долната галерија. Поради пандемијата, согласно препораките за почитување на мерките од Ковид-19, нема посебен термин за отворање на изложбата, а заинтересираните ќе можат да ја посетат секој ден, од 10 до 20 часот. Во склоп на Скопје постер фестивал годинава ќе бидат изложени плакати од 75 светски дизајнери, од 56 земји од целиот свет.
ПЛАКАРТ е еден од организаторите потткнувачи на создавањето на глобална мрежа на дизајн асоцијации и здруженија, кои имаат за цел да инспирираат движење за поддршка во борбата со пандемијата. Целата иницијатива се реализира во сорбаотка со „Poster Тerritory” од Калифорнија, Чешката асоцијација за графички дизајн, Московското биенале и реномираниот дизајнер Мирко Илиќ од Њујорк. Проектот е поддржан и од Министерството за култура на Македонија.