Зад Јованка Броз, некогашната прва дама на државата за која се борела во војна и во мир, останале 676 фустани, 100 пари чевли, 85 пара ракавици и нејзината партизанска униформа од 1945 година. – Изложбата „Јованка Броз – во боја“ на јавноста и ги претстави парчињата облека од единствената колекција на Јованка Броз кои беа недостапни за јавноста речиси 70 години. – Иако беше сопруга на претседател на социјалистичката држава, Јованка Броз остави зад себе гламурозна модна колекција, достојна на гардероба на прва дама на било која западна земја.
За сега само јавноста во Србија има можност во живо да ги види оригиналните модни парчиња што ги носела Јованка Броз. Облеката и модните додаоци се изложени во холот на Радио Телевизија на Србија, каде што е отворена изложбата „Јованка Броз – во боја“.
Изложбата е надополнување на телевизиската серијата „Јованка Броз и тајните служби“ чие што емитување е во тек на РТС. Серијата од 10 епизоди го следи животот на Јованка Будисавjeевиќ, подоцна Броз, од нејзиното доаѓање на работа во Белиот двор и бракот со Тито.
Облеката и додатоците на Јованка Броз претставуваст уникатна комбинација на Западот и Истокот, капитализамот и социјализмот. Тоа е единствена колекција на облека на жена воин и елегантна прва дама, со парчиња од висока мода и готова облека, со официјален стил на протоколарна облека и личен стил на Јованка Броз.
Во 55 кутии кои не се отворени осум години, а кои поминаа четири години во Етнографскиот музеј, стоела целата гардероба на Јованка Броз, донирана од семејствата, но со обврска за поставување и претставување на посебна постојана изложба во музејот. Гардеробата, што секогаш била секогаш внимателно одбирана, содржи околу 1100 поединечни предмети од кои 676 се фустани и комплети, потоа 100 пара чевли, 85 пара ракавици и многу други работи.
Јованка носеше чевли број 38, понекогаш 39, а најчесто ги правел Глоговац, чевлар од Белград. Има и италијански чевли, чевли од југословенски комбинати и фирми, од кои некои денес повеќе и не постојат.
Освен 676 фустани и комплети, зачувани се и вишоци од истите материјали, за случај да биле потребни преправки.
Посебна љубопитност, освен вечерните и свечените фустани, предизвикува и униформата на Јованка Броз од 1945 година која, судејќи според состојбата во која се наоѓа, била многу носена, но и со големо внимание зачувана./М.М.