Stella McCartney и adidas имаат досега реализирано повеќе заеднички успешни колекции но оваа, со кломпи со невообични шари, ќе остане запаметена по својот колоритен дизајн.
Новите кломпи, наменети за ова лето, се инспирирани од обувките што ги носат луѓето од Јужна Кореја, који работат крај брегот или во морето и се, воглавно, со мокри обувки.
Лесни се, со цврст ѓон, што ги прави удобни за шетање низ град или на плажа, се вели во преставувањето на новата колекција кломпи. Изработени се од природни и обновливи материјали, од едноделен био EVA горен дел, синтетичка постава и надворешен ѓон, како и ремен за стапалото. Комбинациите на бои во оваа колекција Stella McCartney ги нарече:„Tent Green“, „Crew Orange“ и „Cloud White“.
Кломпите на adidas x Stella McCartney се на официјалната веб-страница на adidas./М.М.