Годинава во декември, како и секоја година претходно, Шанел излезе со својата колекција Métiers d’Art. Оваа година, промотивното шоу се одржа во Château de Chenonceau, инспиративна дестинација што предизвикува атмосфера слична на куќата на Коко Шанел на југот на Франција. Претставени и на сајтот на модната куќа, торбите на Шанел за 2021 година се воглавно торбички, со неповторливи детали, како блескавите сложени механизми на затворачите или со кристали украсеното лого на Шанел. /М.М.