Во изминатата година, архивата со потпис на Vivienne Westwood забележа извонредна популарност. Не само за тврдокорните љубители на модата, туку и за генерацијата која можеби го открива овој бренд. За пролетта 2022 година Andreas Kronthaler за ревијата на Vivienne Westwood претстави колекција која е мешавина на старото и на новото, инкорпорирајќи некои од класичните мотиви на нов начин.
Моделите одеа по пистата во супер – големи верзии на бисерни обетки што ги сакаше TikTok. Корсетните силуети излегоа од класичните вамп фустани. Она што ги натераа сите да посегнат по својот телефон на саемот беа модели кои носеа големи структури, слични на рамки, кои се протегаат преку и над главите, со обвивки што ги направија моделите да изгледаат како да се закачени на прозорци, или завеси.
Овие структури, потоа џиновските обетки со ѕвона и мачките на крагните и дадоа смислата за хумор на колекцијата, што е реткост кога е во прашање Vivienne Westwood./M.M.