Секоја модна недела во Њујорк (New York Fashion Week), на одредени дизајнерски предмети модниот свет реагира со неочекувано внимание. Деновиве токму тоа се случува со големите црвени чизми на MSCHF, соодветно наречени Big Red Boot.
MSCHF е експериментален моден бренд кој сака да ги користи своите производи (често контроверзни) за да привлече внимание на јавноста, поместувајќи ги границите на модата. Нивното последно издание – кое изгледа како нешто што би го носел Марио од Супер Марио – се продаваат по цена од 350 долари, направени се од гума, со дизајнерски знаци од видео игра. „Цртанизмот е апстракција што нè ослободува од ограничувањата на реалноста“, се вели во соопштението за печатот за чизмите. „Ако клоцате некого во овие чизми, тој ќе се лути!
Со оглед на тоа колку се непрактични и невообичаени, изненадувачки е да се види колку брзо модниот свет се нафрли на нив, дури и пред да бидат пуштени во продажба.
Тие секако се посветени на носење: голем број видеа на TikTok покажуваат колку и како овие чизми ги натераа сите да разговараат и да ги забележат оваа сезона. Оние кои се осмелиле да ги носат, добиваат бонус поени за преземање ризик./М.М.