На една од ревиите на високата мода (Haute Couture), посветени на сезоните есен/зима 24-25, што се дел од париската Модна недела (Paris Fashion Week), поп-ѕвездата Katy Perry постави невообичаен рекорд. Од лимузината пред хотелот Риц Париз таа излезе во црвен мини фустан со две продолженија: едното беше со вообичаена должина, а второто – за гинисов рекорд.
Иако е познато дека пејачката често носи неообичаена облека, односно дека и нејзиното појавување на престижниот моден настан во Франција е за промотивни цели, овој пат, според медиумите и коментарите на осцијалните мрежи, како да претерала.


Имено, вториот додаток на црвениот фустан наводно бил долг над 90 метри затоа што ѝ требало доволно простор да ги прикаже стиховите на нејзиниот претстоен сингл „Woman’s World“.
Така се случи, поради текстот на „Woman’s World“, додатокот на фустанот долго време да биде буквално исфрлуван од колата додека таа влегуваше во хотелот./M.M.

Сето може да се види и на Facebook: https://www.facebook.com/watch/?v=998277541933624Tik

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.