Модната куќа Y-3 на јапонскиот дизајнер Yohji Yamamoto за промоција на својата најнова ексклузивна колекција соработуваше со славниот фудбалски клуб Реал Мадрид.
Колекцијата е со пригодно име – ‘The Ceremony’, а се однесува на одбележување на два значајни датума – како за клубот, така и за дизајнерот. Имено, годинава Реал Мадрид ја прославува својата 120-годишнина, а во исто време дизајнерот Yohji Yamamoto прославува дваесет години на креативното кормило на Y-3. Презентирајќи ја уникатната капсулна колекција, дизајнерот посочува дека со неа и Y-3 и Реал Мадрид ги поместиле границите на модата и на спортот.
Кампањата за колекцијата е во препознатливиот црн стил на Yohji Yamamoto, а како модели се појавуваат играчи на Реал Мадрид, навивачи на клубот, како и фудбалска икона Iker Casillas.
Брендот Y-3 и претходно има соработувано со клубот и тоа во создавањето на третиот дрес на Реал Мадрид, за сезоната 2014-2015. Сегашниот избор на дизајни е со поширок опсег, така што колекцијата вклучува црн, четврти дрес, со бели детали, заедно со розов голмански комплет, со бели акценти на тимот на Реал Мадрид. Логото на Y-3 лентите, броевите и имињата на фудбалерите се рачно изработувани за оваа, инаку капсула колекција./М.М.