Во рамките на годинешното издание на Моден Викенд Скопје, на 25 октомври, во Лабораториум, ќе биде отворена уметничка Изложба на Warm Metal и Хуго Виндер-Линд
Оваа изложба претставува уникатен културен експеримент во кој двајцата уметници – Македонка и Британец – ги претставуваат своите култури низ призмата на другиот. Како појдовна точка, секој од уметниците го снабдува другиот со визуелен материјал изваден од поширокиот социо-политички контекст на сопствената култура. Неминовно е инспирацијата на двете страни да биде површна и не-поткрепена со подлабоко разбирање на културолошкиот контекст на другиот. При ова уметниците намерно се впуштаат во погрешно или површно толкување на елементи од туѓата култура и се принудени да искреираат дела кои се културолошки “неинформирани”. Овој експеримент е иронична метафора за предрасудите и погрешните сфаќања кои често се јавуваат помеѓу различни култури.
Warm Metal е моден бренд основан од Теодора Митровска, македонска дизајнерка која живее и работи во Лондон. Со својот концептуален пристап, Митровска ги урива границите на конвенционалната мода, создавајќи уникатни парчиња што ја рефлектираат нејзината желба да ги истражува личните и социо-политичките теми. Warm Metal функционира како комерцијален бренд, но неговата суштина лежи во креативниот израз, ослободен од ограничувањата на сезонските трендови и индустриските стандарди.
Хуго Виндер-Линд, кој е роден и живее во Брајтон, Обединетото Кралство, својата творечка инспирација ја наоѓа во дивите и ненаселени предели на рурална Англија. Во својата уметност тој ги истражува границите помеѓу природата и цивилизацијата преку сликарство, скулптура, фотографија и литература.
Изложбата е поддржана од Британскиот совет и ќе остане отворена и на 26 и 27 октомври годинава./M.M.
More in:Мода вести
Никола Јокиќ и Joker патиките – во светот на модата
Славниот српски кошаркар Никола Јокиќ, Џокер во тимот на Denver Nuggets, за прв пат се ...
Saint Laurent: пролет со Gwyneth Paltrow
Американската актерка Gwyneth Paltrow доби водечка улога во пролетната кампања на Saint Laurent, дизајнирана под ...
Christian Lacroix и STL: Нова страница за модната историја
Годинава почна бурно за Christian Lacroix, француската модната куќа, позната по својата луксузна естетика и ...
WWD го награди Wes Gordon за иновацији на црвениот ќилим
Американскиот дизајнер Wes Gordon е добитник на наградата Red Carpet Visionary, на WWD Style Awards, ...