Неодамнешното истражување на Универзитетот Lund во Шведска укажува на можна врска помеѓу тетоважите и зголемениот ризик од лимфом, вид на рак на крвта. Откритието предизвикува загриженост кај љубителите на тетоважи и поттикнува натамошни истражувања за здравствените ризици од тетовирањето.
Мастилата за тетоважи содржат одредени канцерогени материи кои можат да се транспортираат низ телото, често завршувајќи во лимфните јазли. Поради тоа што досега мал број истражувања ce посветени на врската помеѓу тетоважите и ризикот од рак, во оваа студија се користени национални регистри за да се идентификуваат случаите на лимфом и да се поврзат со присуството на тетоважи.
Резултатите се шокантни: луѓето со тетоважи имаат 21% поголем ризик од лимфом во споредба со оние без тетоважи. Се чини дека големината на тетоважата има мало влијание врз овој ризик.
Ова откритие е повик за будност, вели Christel Nielsen, прв автор на студијата за резултатите од истражувањето, за списанието Medical News Today.
Тетоважите можат да бидат постојан извор на токсични хемикалии во имунолошкиот систем, што може да услови сериозни здравствени последици.
Мастилото за тетоважи се транспортира подлабоко од кожата од страна на имунолошкиот систем затоа што телото се обидува да ги елиминира честичките од мастилото перцепирајќи ги како нешто страно што не би требало да биде тука. Овој процес го поместува пигментот до лимфните јазли и таму останува трајно.
Сакавме да ги поврземе точките и да разбереме како на нашето здравје влијае постојаното складирање на потенцијално токсични хемикалии во имунолошкиот систем, вели Christel Nielsen
Иако истражувачите сè уште не се согласуваат за точниот механизам зад оваа врска, ја потенцираат потребата од дополнителни истражувања, за да се разберат точните ризици поврзани со тетовирањето.
Додека се чекаат повеќе информации, експертите советуваат да се внимава. Важно е да се биде свесен за потенцијалните ризици од тетовирањето, предупредува Nielsen. Ако забележите какви било симптоми или промени кои би можеле да ги поврзете со вашата тетоважа, побарајте лекарска помош.
Ова истражување би можело да ги промени перцепциите за тетовирањето и да ги поттикне луѓето да размислуваат за долгорочните последици од оваа популарна форма на уметност на телото. Сакале или не, вистината е дека тетоважите можат да носат здравствени ризици кои бараат сериозно внимание./М.М.
More in:Здравје
Гумените бомбони со CBD – за стрес и анксиозноста
Гумените бомбони со CBD можат да бидат корисни за справување со стресот и анксиозноста. Имено, ...
Награден уред за ладење на скалпот за пациенти со хемотерапија
Дипломката на Универзитетот во Limerick, Olivia Humphreys, е победник на Ирска на наградата James Dyson ...
Спомените ги чува и телото – не само мозокот!
Општо е познато дека мозокот, односно мозочните клетки – складираат спомени. Но, тим научници од ...
Акупунктура во борба против ишијасот
Најновото истражување потврда дека акупунктурата е вредна опција за конзервативен третман за лица кои страдаат ...