Givenchy

Во летниот период здолништата се едно од оние парчиња што се обожаваат, особено доколку се од  безвременскиот тексас. Имено, тексас здолништата се класика која не го знае датумот на истекување и секогаш се носи одново и одново, така што да се одбере оваа варијанта – значи и дека уште долго ќе се носи!

Dolce & Gabbana

Кога станува збор за комбинирање на тексас здолништата, во дневни комбинации, предлагаме  едноставни блузи или основни маички, но ниту дизјанерските блузи не треба да се исклучат.

Оваа спортско-класична модна приказна, со стил на опуштена класика, ја заокружуваме со патики или сандали во складни тонови.

LEVIS

Секако, секоја комбинација што вклучува тексас здолниште, може да се надополни и со модни детали, како ремен или марама, но не смееме да заборавиме на различните кроеви кои секако придонесуваат за динамиката на здолништето. Добрата вест е и што секој модел можете да го носите во вечерни аутфити, во комбинација со сандали на потпетица, ќе создадете урбан лежерен изглед.

Alexander Wang

Иако не се сомневаме дека веќе ги имате вашите омилени варијанти на тексас здолништа, ние сепак нурнавме во моменталната понуда на омилените брендови и ги издвоивме 10-те најубави модели, за кои сме сигурни дека ќе предизвикаат внимание./M.M.

Фото: Pinterest

Pepe Jeans London

Tommy Hilfiger

Versace Jeans Couture

Esprit

Mango

H&M

 

You may also like

Comments are closed.