Нашиот интернационален модел Татјана Јанушева блесна во најновата кампања за брендот Страдивариус. Иако кампањата е изработена пред само една недела во Барселона, креативниот тим на брендот веќе го има објавено материјалот на нивниот сајт.
По успесите и ангажманите од мината година, кога работеше на одлични проекти во Париз и во Милано, Јанушева сега ја освојува и Шпанија . Веќе е планирана и за други модни кампањи.
Како дел од најдобрата светска модна агенција, Next Model Management, Татјана ја има привилегијата да биде во самиот центар на модните случувања .Уште еднаш се докажа дека Јелена Ивановиќ (JS Management ) никогаш не греши во изборот на супер модел од овие наши простори.
Нашата Татјана сосема заслужено се вивна во самиот врв на модните случувања, велат од Моделс ИН Менаџмент, бидејќи ние како нејзина матична агенција одамна ги препознавме сите нејзини неверојатни квалитети.
Моделс ИН Менаџмент