Уште старите египќани и римјани знаеле за силното терапевтско дејство на сусамот, а жените од древниот Вавилон го користеле со мед за одржување на убавината.
Поради богатство со калциум, сусамот особено се препорачува за луѓе кои боледуваат од остеопороза. Во 100 грама сусам има дури 783 милиграми калциум. Ги зајакнува и забите и забната глеѓ, а редовното конзумирање ги намалува воспаленијата и инфекциите.
Го спречува згрутчувањето на крвта, што е особено важно кај луѓето кои се изложени на ризик од создавање на тромб. Затоа во секојдневната исхрана треба да се користи масло од сусам.
Сусамот е добар заштитник на срцето бидејќи благодарение на растителните влакна го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта. Со апсорпција на холестеролот, помага кај одредени видови на канцерогени заболувања.
За вредноста на ова мало, но многу лековито растение сведочат витамините А, Б, Е, минералите како магнезиум, железо, калиум, калциум и многу други. Сусамот содржи повеќе од 50 проценти висококвалитетно масло и растителни влакна, кои придонесуваат за општото здравје. Старите египќани и римјани знаеле за неговото терапевтско дејство, па го земале за да ја зголемат силата и издржливоста, а жените од древниот Вавилон го користеле во комбинација со мед за одржување на младоста и убавината.
Една од главните предности на сусамот е неговата способност да ги отстранува токсините. По една лажица сусам треба да се сомеле и да се зема три пати на ден пред јадење, со многу вода за чистење на организмот од токсини.
Поради аналгетските својства, сусамот се препорачува како дел од исхраната во предменструалниот период, бидејќи ги ублажуваат симптомите на ПМС. Редовното консумирање сусам ја намалува импотенцијата и го зајакнува репродуктивното ткиво.
На пецива, во салати, но и како пијалок… каде и колку и да користите сусам, му правите непроценлива услуга на телото.
Еве како да направите млеко од сусам:
За подготовка на млеко од сусам, потребна е една шолја суров сусам, пет чаши вода и мед по желба. Сусамот се меле во блендер, се додава вода, се меша и се остава половина час за потоа да се филтрира. Добиеното сусамово млеко по желба се засладува со мед. Со чување во фрижидер до пет дена го одржува квалитетот на вкусот и лековитите својства. Млекото од сусам можете да се направи и со помош на таан. Во саканото количество вода се додаваат неколку лажици таан и се засладуваат со мед./М.М.