Georgina Rodríguez, ѕвезда на Netflix документарецот I Am Georgina и сопруга на фудбалската ѕвезда Cristianо Ronaldо, позираше во новата GUESS кампања, снимена од познатата фотографка, Nima Benati. Georgina е прикажана во различни стајлинзи, како големи џемпери, тесни фустани и палта, кои заедно, според белешките за празничната колекција, создаваат впечаток на топлина и елеганција.
Сепак, не остана сè во границите на класичната мода – Georgina на една од фотографиите позираше гола, опкружена со шарени чанти. За колекцијата, снимката и за соработката со Nima Benati Georgina има само пофални зборови: Работата со Nimа беше неверојатна и празничната колекција е апсолутно неверојатна. Изработката и дизајнерските парчиња ме натераа да се чувствувам толку гламурозно и удобно во сопствената кожа“, додаде сопругата на фудбалската ѕвезда Cristianо Ronaldо.
Ова не е прв пат Georgina да соработува со GUESS. Беше заштитно лице на пролетната кампања на брендот, а сега е и лице на најновата, празнична колекција./М.М.
More in:Мода вести
CIAO BELLA! SKIMS и Dolce&Gabbana лансира нова колекција
SKIMS и Dolce&Gabbana создадоа нова колекција која, според соопштението, го спојува италијанскиот раскош на D&G ...
Emily Ratajkowski е новата амбасадорка на Intimissimi
Американската моделка и актерка Emily Ratajkowski стана нов амбасадор на италијанскиот бренд за долна облека, ...
Dior претставување создадено со вештачка интелигенција
Реклама за Dior, објавена на LinkedIn од David Blagojević (@davinci_production) привлече големо внимание на маркетерите ...
Chanel ја претстави снежната Coco Neige
Chanel ја претстави најновата кампања за колекцијата Coco Neige 2024/25, која е снимена во домот ...