Како што читате, за претстојните трендови на облека, чанти и чевли, има една работа што дефинитивно ќе ја забележите за Пролет/Лето 2021 година: Бојата. Благодарение на различните смели нијанси забележани на пистата, од сончево жолтата, до меко розовата и, секако, впечатливата сребрена, пролетта 2021 година ќе биде среќна и светла.

Сребрената, односно металната нијанса беше присутна на пистите изминатата година, иако поради познатите околности и остана само таму. Затоа сега, повтнрно поради околностите и вакцинацијата, темата забава е неодминлива, а среброто боја за сезоната.

Пако Рабан, Балмен, Шанел, Баленсијага, Барбери и Изабел Марант испратија секси сребрени силуети по пистите, докажувајќи дека нема да има недостиг од облека за забави за пролетта.

Така, сребрените фустани на Норма Камали се секси, но сепак за некого пресилен. Доколку идејата да се носи сребро од глава до петици е премногу провокативна, тогаш сребрената мини чанта за совршен допир е можеби доволна, или, плисираното здолниште од тул со метали, како повеќе „зрела“ металик опција за клубските денови. Ако пак барате да се нурнете во сребрениот тренд, се предлага посета директно до изворот. Фустанот со марка на Пако Рабан е апсолутно иконски. Остатокот од вашиот изглед може да е минимален, за да оставите фустанот да блесне. /M.M.

 

You may also like

Comments are closed.