Ива Спасовска

Со оглед на тоа што живеев во Лос Анџелес, Холивуд и Лондон, сепак Македонија ја доживувам како вистинско место за цут на она што го работам, затоа и сум тука каде што сум. Жените и девојките во Македонија се многу напредни, имаат стил и знаат што сакаат – тие се мојата муза. – Моите клиенти константно се инспирирани да го посетат Ива Спасовска Атеље, или онлајн да нарачаат се за душата да им се задоволи од она што ние го изработуваме. Нашиот бренд не почувствува никаква промена во однос на настанатата ковид ситуација токму поради тоа што годинава искреиравме неверојатно уникатни парчиња кои ги нема на пазарот

ММ: Заради сето што се случуваше на светот минатата година многу од бизнисите, меѓу кои и модниот поминуваа, па и сеуште поминуваат период на сериозни преиспитувања и барања. Како сето влијаеше и врз вашето работење?

Секако дека не е исто како и пред настанатата ситуација, но лично јас секогаш се адаптирам на било која промена и тоа ме носи онаму каде што сум и каде што мојот бренд денеска е позициониран.

ММ: Дали во овие новонастанати услови може да опстоји професијата дизајнер во Македонија и колку луѓето лани се решаваа да купуваат дизајнерски парчиња?

За еден бренд да опстои или еден дизајнер да е успешен, како и во другите сфери така и во модата, се зависи од личноста која стои позади тој бренд:  доколку личноста е транспарентна, иновативна и упорна, не постојат препреки во опстанувањето. Моите клиенти константно се инспирирани да го посетат Ива Спасовска Атеље, или онлајн да нарачаат се за душата да им се задоволи од она што ние го изработуваме за нив. Нашиот бренд не почувствува никаква промена во однос на настанатата ковид ситуација токму поради тоа што годинава искреиравме неверојатно уникатни парчиња кои ги нема на пазарот. Од еко-кожни капути, еко-крзнени анимал-принт бунди, уникатни сакоа и панталони, неверојатни фустани, корсети, долна облека, капи, ракавици и се што може да се замисли во светот на модата, кои девојките и жените возбудено ги носат секојдневно, без оглед на тоа што нема свечени настани. Секоја жена и девојка заслужува да е убава 365 дена во годината, а Ива Спасовска Атеље постои токму поради тоа.

ММ: Кога сме кај дизајнот – можеме ли да се навратиме на вашите почетоци, на поривот за создавање, премрeжјата, она што ве одржало низ годините?

Истрајноста е моја одлика, јас никогаш не се откажувам од моите соништа и тоа го качува мојот бренд секој ден се повисоко и го прави поуспешен.

Моите почетоци се пред 13 години кога почнав да ги користам мојата фантазија и моите две раце, неуморно креирајки најпрвин накит, а потоа, како и ден денес, мојот легендарен корсет со корпа на кој сум нескромно горда и кој усреќи безброј жени и девојки.

ММ: Како би се опишале себе си – вашиот стил, водечката инспирација за создавањето, највпечатливиот момент, лично чуство на успех?

Во принцип секогаш сум скромна кога станува збор да се опишам себеси и моите успеси и токму поради тоа сум онаму каде што сум. А која сум и каде сум, секој може да види и да слушне – моите дела говорат за мене!

ММ: Како би ја опишале модната сцена во Македонија, каде е во споредба со сцената во светот, како таму се работи – има ли разлики во пазарот, може ли да се направи паралела?

Со оглед на тоа што живеев во Лос Анџелес, Холивуд и Лондон, сепак Македонија ја доживувам како вистинско место за цут на она што го работам, затоа и сум тука каде што сум. Жените и девојките во Македонија се многу напредни, имаат стил и знаат што сакаат, тие се мојата муза.

Според моето искуство, за разлика од САД и Европа, тука кај нас повеќето од жените и девојките секојдневно се средуваат, а таму само поединци.

ММ: Треба ли да се верува дека соништата се остваруваат кога ќе станеме достојни за нив. Кои се вашите за годинава?

За да се остварат соништа најпрвин треба да се има силна верба во себе, а потоа и во прецизната визуализација со која се раѓаме и која ни е дар од Бога. Се што е форсирано не испливува на површина, јас секогаш ги мотивирам сите мои следбеници да останат истрајни во своите соништа. Тоа ќе го потврдат сите оние кои ме знаат лично, а и преку социјалните мрежи./M.M.

 

 

You may also like

Comments are closed.