Што е подобро да имате на масата за пред телевизор или компјутер: суво овошје или грицки?

Садот со суво овошје е здрава храна, со витамини и минерали, со „здрави шеќери“ и е исклучителен извор на енергија. Грицките пак, односно смоки, чипс, крекери, пралини, чоколади, колачи, пити, бонбони, освен вкус, носат и калории, штетни шеќери, дополнителни килограми и проблеми со здравјето.

Што се однесува до шеќерот, сувото овошје содржи овошни шеќери, додека „индустриските слатки“ главно содржат бел шеќер, адитиви и конзерванси. Секако, има многу повеќе витамини и минерали, отколку во „индустриските грицки“, и во природна форма, а не во форма на додатоци на храна.

Сувото овошје содржи прилично големи количини на есенцијални хранливи материи, и тоа во соодветни количини. Само сувото овошје е богат извор на минерали, витамини и ензими. Лесно се вари и има голем удел во прочистувањето на крвта, како и на целиот дигестивен систем. Освен што може да се јаде во суво, сувото овошје се користи и за правење компоти кои се многу здрави за дигестивниот систем.

Сто грама сушено овошје содржи во просек 290 kCal, додека слатките (бисквити, чоколади, пралини садр) содржат од 400 до 600 kCal. Енергетските вредности (kCal) на  сувото овошје (во 100 грама) се: ананас 260, банана 287, брусница 308, грозје 246, јаболко 280, кајсија 300, смокви 213, сливи 268…

Освен енергетските вредности и цените се во прилог на сушеното овошје затоа што 100 грама сувото овошје е во просек поевтино од 100 грама чоколадо, исполнети бисквити, наполитанки, смокви, чипс, солени пуканки, пралини или чоколадни бонбони. На нашиот пазар, по релативно поволни цени, можат да се најдат суви сливи, грозје, смокви, јаболка, урми, брусница, кајсии, ананаси, банани.

На крајот – се што треба е да ги смениме чиниите – оние со грицки да ги исполниме со суво овошје./M.M.

 

You may also like

Comments are closed.