„Сломи ме“ е името на првиот албум на младиот и талентиран хрватски пејач Теди Грубица, што нашата публика го запозна на „Охрид фест“. Албумот е во издание на Croatia Records, содржи 11 песни, од кои поголемиот дел ги потпишува Григор Копров, а како автор е застапен и Горан Шарац.
„Славејот од Истра“, како што го нарекуваат Теди, кариерата ја започна случајно, со обработка на песните на Тоше Проески. Овој предизвик беше повеќе од успешен и предизвика одлични коментари и внимание, па така и започна соработка со Григор Копров.
Така се создадени и песните „Ти си у крви“ и „Сувенир“, како и учеството на Фестивалот на шансона во Шибеник, Сплитскиот фестивал и Охрид фест./M.M.