Креациите од метал и кожа, налик на оние од седумдесетите, делуваат како силен потсетник на маестралните и уникатни техники на Rabanne.
Дизајните на Paco Rabanne, нарекувани уште и визионерски облици на применета уметност, отсекогаш биле искуство кое вреди да се забележи, а најновата пред есенска колекција на Julien Dossena е потврда за тоа. Временската рамка е неговата инспирација за секоја колекција, која ја доживува и како уметничко дело. За Pre-Fall 24, временската рамка е некаде помеѓу Средниот век и периодот фокусиран на полезноста од 1970-тите.
Гардероба гледана низ призма на Paco Rabanne е откривање на флуидноста со која се покажува колку влијателни се искуствата за инспирација на нов стил. Сложените метални везови и светкавите контури на тексас, лелеавите некогаш и проѕирни макси здолништа се прекрасен пример за современата изработка на она по што Rabanne е познато од своето основање.
Силуетите со леснотија се менуваат од тесни во слоевити, додека блескав златен мини фустан се носи под мантил, а секој изглед одговара на телото со совршенство без напор.
Презентирајќи стил од ден-до вечер, колекцијата е поставена во декор на пустиња каде боите на полноќно сино се наспроти сонцето, а сребрените нишки треперат на месечината. Со тоа и новата, пред есенска колекција на Rabanne е за сите аспекти на облекувањето, со низа силуети, сложени детали и смели карактеристики./М.М.