Christopher Esber

Пролетната колекција на Christopher Esber, односно нејзиниот најекспониран дел, кога е во прашање оригиналноста на материјалот и неочекуваниот крој, е подготвена за носење и поставена на сајтот. Станува збор за рачно боени материјали од чиста свила, во посебен, препознатлив дезен. Како и парчиња од сатен во целосно неочекувани кроеви.

Esber добро го познава кроењето и затоа користи сложени техники – за да им дозволи на некои парчиња да бидат фиксирани каде што тој сака да бидат, или, да бидат пријатно лелеави. Тоа особено се однесува на овој дел од колекцијата во кој доминираат долги здолништа, широки панталони или посебно поставени и врзувани кафтани.

Колекцијата одлично се вклопува со позната линија на фустани во неочекувани дезени, од сатен и свила, што повикуваат на одмор, плажа – на лето! https://christopheresber.com.au/collections/

Christopher Esber

Christopher Esber

Christopher Esber годинава одбележува 10-годишнината од постоењето на неговиот бренд. Иако требаше да биде прославена со пригодна модна ревија, поради познатите причини тој досега се јавува само со дополни на колекциите за годинава, како и нивна дистрибуција на големите платформи за малопродажба./M.M.

Christopher Esber

Christopher Esber

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.