Шведскиот бренд „Green Furniture Concept“ разви нови светилки што наликуваат на група лебдечки лисја, кои исто така служат како апсорбер на звук.
Светилката Лист е направена целосно од природни материјали и е дизајнирана да емулира „органски и хармонични елементи што се наоѓаат во природата“.
Светилката се одликува со рамка изработена од дрвени спојници, врз кои се фиксираат кружни, волнени панели за да имитираат лисја на дрво.
Овие волнени апликации помагаат да се апсорбираат звуците, додека светлината од ЛЕД сијалицата во центарот нежно се филтрира низ зеленилото.
Светликата е достапна и како цело дрво со вистинско шведско стебло од бреза.
Не е потребен лепак за да се склопат светилките, тие можат целосно да се состават дома, со едноставен механизам за кликнување. Со тоа е овозможена замена или поправка на светилките, и продолжување на нивниот век на траење./A.J.