Тесто за 4 роло пици:
- 350 гр. брашно
- 150 мл. вода
- 20 мл. маслиново масло
- половина лажичка сол
- 10 гр свеж квасец
Подготовка:
Од наведените состојки се замесува меко тесто. Се формира топка, се покрива со памучна крпа и се остава да стаса 40 минути. Се размесува и се дели на четири еднакви дела. Повторно и се остава да се одмори тестото 20 минути.
Се зема првото топче и се размесува во кора со дијаметар до 30 цм. Се става во тава и се пече во загреана рерна на 250 Ц пет минути за потоа да се преврти и да се пече повторно пет минути. Да се внимава да не се препече – треба да е мека и да може да се витка. Потоа се става во чинија и се покрива со крпа. Истата постапка се повторува и со другите кори.
Фил:
- Мајонез
- Кашкавал
- Шунка
- Кулен
- Печеница
- Маринирани печурки
- Оригано
- Јајце за прмачкување
- сусам
Основите за роло пица се премачкуваат првин со мајонез, па се додава рендан кашкавал и се редат шунката, куленот и печеницата по желба, а потоа и печурките и ориганото. Се преклопуваат левиот и десниот крај кон внатре и заедно се ролуваат. Кога се готови се редат во тава, се премачкуваат со јаце и се додава сусам. Се печат во загреана рерна на 250 Ц 10 минути, да заруменат. Наздравје!/М.М.