Ролатот од тиквички е идеален за оние кои претпочитаат лесна, вкусна храна за летните жешки денови.
За подготовка на ова јадење потребни се следниве состојки: две тиквички, 6 јајца, сол и бибер по желба. За преливот се потребни: 200 гр. кисела павлака и краставица.
Едната тиквичка се ренда, а другата се сече на тенки кругови. Се матат јајцата, се зачинуваат со сол и бибер по желба. Потоа во нив се додава изренданата тиквичка. Се мешаат се да се добие поврзана маса.
Вака добиената смеса се става во тепсија, на хартија за печење. Врз неа се редат круговите од тиквичка. Се пече 20 минути, во рерна загреана на 200 Ц.
Кога тестото ќе се излади, се премачкува со преливот што однапред е подготвен: (изренданата краставица е исцедена и измешана со павлака, сол и бибер). Се витка во ролат, се обвиткува со хартијата и се остава во фрижидер најмалку два часа, пред сервирање.
Идеален е, онака студен, за вечера, или, главно јадење, за оние кои претпочитаат лесна, вкусна храна во овие жешки денови./Б.Б.