По кокосовото масло, кое некое време секој љубител на убавината сметаше дека е незаменливо, еве го и рицинусовото масло, за кое се вели дека има уште повеќе чудесни својства. Иако рицинусовото семе е штетно и рицинот што од него се добива е меѓу најсилните отрови на светот, рицинусовото масло е исклучително корисно. Еве само неколку корисни употреби:
Рицинусово масло се користи како лаксатив уште од египетско време. Препорачливо е секоја вечер една недела да се зема половина лажица рицинусово масло една недела.
За спречување на опаѓање на косата се препорачува масажа со рицинусово масло на скалпот и на врвовите на косата, еднаш неделно. Маслото во косата се остава најмалку 20 минути, може и преку ноќ. Повторувајте ја постапката еднаш неделно.
Рицинусово масло се користи и во борбата против брчките затоа што содржи многу витамин Е, ја навлажнува кожата и го стимулира производството на колаген и еластин. Рицинусово масло се меша со маслиновото или со масло од јојоба и се нанесува на лицето.
Рицинусовото масло помага и на кожата склона кон акни. Ладно цеденото рицинусово масло се нанесува два пати на ден на лицето во тенок слој две недели по што се видливи првите подобрувања.
Рицинусовото масло го стимулира и растот на ноктите, трепките и на веѓите. Се нанесуваат неколку капки со памук секоја вечер долж коренот на трепките, на веѓите и на работ на ноктите.
Внимание!
Рицинусовото масло треба да се одбегнува во случај на бременост или ако имате чувствителен желудник и бубрези. Не треба да се консумира во прекумерни количества бидејќи може да предизвика дијареја и повраќање.