Ретинолот спаѓа во редот на најефикасните состојки, кога е во прашање негата на кожата: од третман на акни до стимулација на производство на колаген и еластин. Постојат повеќе различни типови, од ретинол до ретиналдехид а дерматолозите го препорачуваат како дел од дневната, редовната нега, уште со почетокот на опаѓањето на колагенот, што во просек се случува прилично рано, уште околу 27-та година од животот.
Незгодната работа со ретиноидите е што се знае дека ја иритираат кожата, особено повисоките проценти во препаратите на медицинската козметологија. Но, немора така да биде – научниците од Универзитетот во Манчестер утврдија дека и со само 0,3% ретинол се обезбедуваат практично исти резултати, како со поголема концентрација на ретинол, но иритацијата е минимална, што е особено значајно кај чуствителните типови кожа.
Формулата на No7’s Advanced Retinol 1.5% Complex Night Concentrate, содржи 1,5 проценти ретинол, како и мешавина од пептиди, за подобрување на еластичноста (исполнета, сјајна кожа), како и состојка наречена бисаболол, која доаѓа од германската камилица и помага да се смират и дополнително да се ублажат сите иритации што може да ги предизвика производот.
Со тоа, препаратот обезбедува обновување на колагенот и еластинот, го измазнува фините брчки и на кожата и го дава здравиот, младешки сјај./М.М.
Деталите се на: https://www.boots.com/no7-advanced-retinol-1-5-percent-complex-night-concentrate-10273192?