Заедно со Olivier Rousteing, Beyoncé дизајнираше „албум што може да се носи“. Beyoncé излезе со уште една иновација за да го надополни нејзиното последно музичко дело, Renaissance.
Beyoncé и креативниот директор на Balmain, Olivier Rousteing, соработуваа во дизајнирањето на единствена колекција на висока мода, инспирирана од секоја песна од албумот. Наречена Renaissance Couture од Beyoncé x Balmain, колекцијата со 16 парчиња облека го имаше своето деби на насловната страница на францускиот Vogue на 24 март – еден ден откако беше објавено дека Bey и Adidas ја завршуваат петгодишната соработка.
Колекцијата е еднократна и, според Balmain, и нема да биде на продажба. Според изјавата на Rousteing за Vogue, креативниот директор на Balmain работел hand-in-hand со Beyoncé за да ги дизајнира високомодните изгледи за колекцијата, откако бил „воодушевен“ од албумот.
Beyoncé се залага за слобода пред се друго, за слобода во денешниот свет“, рече Rousteing. „Ова е моќен глас што одекнува. Таа зборува за различноста, за секаков вид различност и оддава почит на квир заедницата, во чест на хаус музиката, вели Rousteing.
Rousteing е партнер од соништата и дизајнер кој постојано иновативно се развива“ додаде Beyoncé. Сè што правеше беше инспиративно. Уште од нашата прва средба и потоа, со дизајните што тој ги правеше низ годините за моите ревии и појавувања, знаев дека еден ден ќе работам со него на колекција. Многу сум горда на она што го создадовме и на синергијата меѓу нас./М.М.
Деталите за колекцијата се на сајтот на Balmain: https://us.balmain.com/en/experience/renaissance-couture-beyonce-x-balmain