Уметничкиот директор на Balmain, Olivier Rousteing, своите пролетни дизајни ги опишува како „љубовно писмо до планетата“. Според преставувањето на брендот, додека сите бараат решенија за климатските промени, Rousteing ги ревидира најдобрите примери од историјата со обрасци инспирирани од ренесансата.

Индивидуалноста и непогрешливиот стил на фустаните на Balmain ги надминува нивните архитектонски силуети и извонредната изработка. Дизајнерските фустани на модната куќа го пренесуваат уникатното чувство на самодоверба и задоволство што произлегува од носењето вистинско уметничко дело, се вели во преставувањето на пролетната колекција на Balmain.

Olivier Rousteing ги има зачувано естетските кодови на Pierre Balmain, инкорпорирајќи ја неговата современа и смела визија. Така освежениот француски стил е внесен восекој од фустаните од оваа колекција.

Легендарните кратки фустани, за који сите зборуваат, сенадополнети со долгите који како да го прегрнуваат телото и ја подобруваат неговата силуета. Дизајнирани за самоуверени жени који сакаат да го истражуваат и да го променат светот, овие луксузни фустани покажуваат совршени кроеви, ткаенини со одличен квалитет и прецизни детали за да му дадат на секое парче фасцинантност и чувство на уникатност./М.М.




More in:Мода

You may also like

Comments are closed.