Со тричасовен концет во Стокхолм Beyoncé ја започна својата светска турнеја која опфаќа 57 настапи ширум светот. Импресивното шоу со диско тема, насловено како Renaissance, се совпаѓа со нејзиниот последен албум, во кој доминираат танцот и високата енергија.

Beyoncé настапува во серија блескави мачки и впечатливи металик корсети, дело на повеќе брендови и дизајнери, меѓу који се и David Koma, Alexander McQueen и Loewe.

David Koma

Beyoncé ја започна својата светска турнеја во Стокхолм облечена во холографски мини фустан од David Koma. Истиот дизајнер ја креираше и облеката на нејзините придружни танчерки.

 

Loewe

Еден од највпечатливите изгледи од вечерта беше овој комбинезон од Loewe, со мотив за раце со потписот на брендот и соодветни оперски ракавици, осмислен во соработка со костимографката Shiona Turini.

Alexander McQueen

Ова светкаво боди од Alexander McQueen е со сребрена мониста и кристален вез на црна мрежеста основа и е надополнето со чизми до глуждовите.

 

Mugler

Дизајнерката Casey Cadwallader, го направи овој изглед на Mugler за првиот концерт на Beyoncé, со црна и жолта хромирана маичка, со соодветни хеланки и црни винилни ракавици.

Coperni

За финале на шоуто, во овој Coperni комплет, ѕвездата лебдеше на сцената. За изгледот беше карактеристична сребрената наметка и соодветните ракавици.

Courrèges

Уште едно светкаво боди од брендот Courrèges, комплетирано со зелени Gedebe чизми до бутовите и накит од Tiffany./М.М.

You may also like

Comments are closed.