Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по 31-ти пат распишува конкурс за нови композиции што ќе бидат изведени на 30 и 31 август 2024 година. Концептот и локацијата се добро познати на јавноста: Долни Сарај во Охрид , каде што ќе се случуваат двете вечери на фестивалот, Фолк и Интернационалната.
Фолк- вечер ќе се одржи на 30 август и освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови композиции ќе можат да учествуваат и странски автори – од регионот и пошироко. Интернационалната вечер е закажана за 31 август годинава.
„Охрид фест“ целиот акцент го насочува на новите пејачки надежи: соочени со константен недостиг на млади пејачи, фестивалот дава голема подршка на дебитантите, охрабрувајќи ги да настапат на 31-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, и во Фолк и во Интернационалната вечер.
Ова е извонредна шанса за промоција на дебитантите, бидејќи „Охрид фест“ го следат повеќе од 15 телевизии од Балканот, што претставува извонредна можност за нивна промоција. На истата сцена, во 1998 година Тоше Проески ја испеа „Усни на усни“ и го започна својот блескав музички пат.
Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2024“ се:
* Назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната;
* Демо-снимката и текстот треба да се на македонски јазик;
* Наслов на композицијата;
* Композицијата да не се изведувана;
* Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), и контакт информации;
*Демо-снимките треба да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара.
На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството, а рокот за поднесување на пријавите е до 1 јуни 2024 година.
Своите композиции авторите треба да ги испратат на следната електронска адреса: ohridfestofficial@gmail.com