Поубави и помлади – тоа не е ниту сон, ниту тренд, туку процес во кој се вклучуваат луѓе од сите возрасти, сите континети, сите раси и секако – сите кои тоа го сакаат и имаат финансиски можности да го реализираат.

Неинвазивните козметички зафати стнуваат од ден на ден се подобри, поефикасни, посигурни, а во постојан пораст е и бројот на луѓето кои се решени својот изглед да го подобрат без хируршки зафати. Без оглед дали е во прашање  бришење на брчките, дефинирање на јаболчниците или целосен лифтинг на лицето и вратот, постои опција за инекции прилагодена на целта. Во популарните американски списанија познати лекари-пластичари ги претставуваат методите за разубавување, детално ги опишуваат  и процедурите и ефектите, како и време-траењето на ваквите корекци.

За горниот дел од лицето – BOTOX

Ботоксот е име на бренд, но исто така стана и заедничко име за цела категорија производи – инјекции кои ги релаксираат  мимичните брчки на горниот дел од лицето. Кога се аплицираат правилно, лицето станува посвежо, опуштено, помазно и посветло.

Што треба да се очекува: Вашиот лекар ќе ги процени брчките околу очите кога се насмевнувате, помеѓу веѓите кога ќе се намуртете и на челото кога ќе ги кренете веѓите. Брчките што се појавуваат со движење на основните мускули се нарекуваат динамични, или мимични брчки. Козметиката Ботокс дејствува преку омекнување на контракциите на основниот мускул и намалување на брчките.

Колку долго трае?

Ботоксот започнува да работи приближно три до пет дена по ставањето на инекциите. Значи, ако се погледнете во огледало веднаш откако ќе се вратите дома, нема да забележите никаква разлика. Сепак, по неколку дена, ќе забележите дека брчките почнуваат да омекнуваат. Ефектите траат приближно три до пет месеци. Повеќето се враќаат на повторени третмани на секои четири месеци. Важно е да го направите вашиот следен третман пред да се намали или исчезне ефектот, за да не се изгубат ефекти од намалувањето на стресот на кожата.

Дермални филери

JUVEDERM се дермални филери со хијалуронска киселина (HA) кои се разликуваат во концентрацијата на (HA) и врзувањето помеѓу молекулите (HA). Сврзувањето и концентрацијата им даваат на производите различни својства за инјектирање врз основа на локацијата и длабочината на ткивото

Како до полни усни

JUVEDERM ULTRA XC беше одобрен од ФДА за зголемување на усните во октомври 2015 година и VOLBELLA во јуни 2016 година. Ако ве интересираат инјекции на усни, вашиот лекар ќе разговара со вас за изгледот што сакате да го постигнете – дефинирање, усогласување, симетрија или пополн изглед на усните. Врз основа на изгледот што се обидувате да го постигнете, ќе има низа мали инјекции долж на местата кои треба поинаку да изгледаат. Филерите го подобруваат она што веќе го имате, додавајќи дефиниција и волумен. Важно е да отидете на искусен лекар и да планирате евентуално низа третмани – особено кога првиот пат ги правите усните – за да го постигнете саканиот краен резултат.

Дермални филери за лицето

Дермалните филери се одобрени од ФДА и може да се инјектираат речиси насекаде. Најчести области се образите и брадата (Juvederm Voluma XC), назо-лабијалните набори и линиите околу устата (Juvederm Ultra Plus XC) и усните (Juvederm Ultra XC).

Juvederm Ultra XC и Ultra Plus XC траат и од шест до 12 месеци. Со текот на времето полека се метаболизираат. Значи, пациентите често се враќаат за половина од тоа време на третмани за одржување. Сепак, секој пациент е различен и локацијата на инјекцијата влијае и на времетраењето на дејството. Едно убаво својство на филерите на ХА е постоењето на хијалуронидаза, ензим кој веднаш го „топи“ полнилото. Ова е одлична безбедносна мрежа за пациентите кои се загрижени дали ќе им се допаднат резултатите од полнењето со филери.

Како до високи, истакнати „јаболчници„

Juvederm Voluma XC дермалниот филер со хијалуронска киселина (HA) има дури и ефект на лифтинг кога се инјектира во средната на површина што се пополнува, а го нема ниту отокот што често се забележува кај другите полнила. Вашиот лекар ќе го прегледа лицето,  брчките и опуштените образи,  забележани со стареењето. Понекогаш, треба да се инјектира филер над или под подрачјето на кое се однесува за да се постигне оптимален резултат. Како пример инјектирањето во областа на средниот дел на образот помага да се подобрат назо-лабијалните линии околу устата, а исто така и областа под очите. Неискусен лекар или пациент може да инсистира само на инјектирање директно во назо-лабијалните линии, што може да доведе до инфериорен резултат.  Може да очекувате минимален оток и мала можност за појава на модринки. Првичните резултати се видливи веднаш.

Juvederm Voluma XC трае до две години. Ова е најдолготрајно полнење за HA. Важно е да се напомене дека филерот не трае цело време, а потоа веднаш исчезнува. Со текот на времето полека се метаболизира. Па така, пациентите често се враќаат за половина од тоа време на третмани за одржување.

КИБЕЛА за елиминација на подбрадокот

До неодамна, единствените можности за третман за подбрадок беа  липосукција или CoolSculpting за маснотиите. Сега постојат инекции, инаку познати како модулатори на маснотии. Оваа категорија е ограничена на еден производ, KYBELLA.

KYBELLA е составена од деоксихолична киселина, супстанца што телото природно ја лачи во ГИ-тракт за да ги разгради масните клетки и холестеролот предизвикани од јадење масна храна. Разликата помеѓу деоксихоличната киселина во KYBELLA и онаа во вашето тело е дека KYBELLA е на растителна основа и затоа е помала веројатноста да предизвика алергии на кожата или иритација. KYBELLA подразбира третман на умерена до тешка субментална (под брадата) исполнетост, така што вашиот лекар ќе ја процени областа на „двојниот брадата“ и ќе види дали сте кандидат за KYBELLA. Третманот вклучува 25 до 30 мали инјекции истовремено, што звучи како многу – сè додека не сметате дека просечниот третман на ботокс вклучува некаде околу 15-20 мали инјекции, во зависност од тоа колку области работите истовремено. По третманот, најчестиот несакан ефект е привремен оток или може да трае една недела, но на крајот поминува.

Овој третман вклучува многу прецизна примена на производот во субменталната маст под брадата. Инјекциите се ограничени на средната линија на вратот, што е поголема проблематична област за повеќето луѓе. За третман на овие области, традиционалната липосукција може да биде најдобрата опција. Дополнително, пациентите со лабава кожа, можат да изберат постапка на затегнување на кожата или третман, како додаток на KYBELLA. Во моментов, употребата на инјекции на модулатори на маснотии е ограничена на неколку пластични хирурзи и дерматолози кои биле обучени за правилна администрација за најдобри резултати.

За разлика од полнила и невротоксини, кои нудат полутрајни резултати. KYBELLA има за цел трајно да ги убива масните клетки, да ги раствора и да и помогне на вашата кожа малку да се затегне и да ја подобри контурата. За целосни резултати потребни се третмани на секои четири недели, вкупно од две до шест сесии во зависност од количината на маснотии, па резултатите не се моментални, но се трајни./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.